ВМРО-ДПМНЕ даде отчет за сработеното

Од:

На годишнината од предвремените парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ, даде отчет за сработеното.

„Овие денови е годишнина и од последниот пораз кој го доживеа Бранко Црвенковски. Граѓаните пред една година, по којзнае кој пат му кажаа дека нему веќе не му е местото во политика и дека нема да дозволат времето на транзицијата, на приватизацијата и проневерите да се врати во Македонија“, рече на прес конференција Александар Николовски.

Го наброја сработеното во здравството, образованието, инфраструктурата, социјалната политика, земјоделството

„Во врска со обвинувањрето на СДСМ за евроатланските интеграции-многу официјални НАТО и ЕУ претставници како и врвни политичари од овие организации во повеќе наврати потенцираа дека Република Македонија ги исполнува сите критериуми за понатамошна интеграција во овие две значајни организации.

– Сите меѓународни преставници потенцираа дека единствена пречка во нашиот евроинтеграциски пат е спорот за името со Грција. Тоа СДСМ очигледно не сака да го прифати од причини познати само за нив. Дополнително оваа година Р.М. успеа да добие правна потврда за својата правилна надворешна политика, потврдена од меѓународниот суд за правдата во Хаг“, рече Николовски.

.

 

 

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?