ВМРО-ДПМНЕ: Да ни е вечна и вековита Македонија

Од:

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита најсветлиот празник во историјата на државата, Илинден.

-Илинден е празникот кој обединува. Илинден е најсветлата нишка која е проткаена во историјата на Република Македонија. Тоа е денот кога ја празнуваме победата и непокорот, тоа е денот кога го празнуваме остварувањето на сонот на илјадници кои се втемелија во државноста на Македонија, без разлика на нивната вера и национална припадност. Денес со гордост се сеќаваме не делата на Илинденците од двете славни епопеи од 1903 и од 1944 година. Тие ни оставија аманет како треба да се сака, да се гради и да се чува нашата Татковина. Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација бесусловно да ја води својата борба, борба за напредна, поуспешна Македонија, стои во честитката на владејачката партија.

Нивниот сон за слободна и независна Македонија денес е реалност, а наша должност е тој нивен сон да продолжи. Да ни е вечен и честит Илинден. Да ни е вечна и вековита Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ