ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски,од Велес направи најсиромашен град

Од:

ВМРО-ДПМНЕ побара од СДСМ на велешани да им објаснат како успеле додека биле на власт најголемата фабрика за порцелан на Балканот да ја внесат во тешки милионски долгови, да ја разграбаат и да остават над 4000 семејства без минимална егзистенција.

„Бранко Црвенковски да им објасни на тие луѓе во Велес зошто им ја упропасти нивната иднина, зошто ги остави без работа, без право да напредуваат во животот?

– Бранко Црвенковски во Велес да отиде пред зградите на Порцеланка и да објасни како и зошто тие згради се во сопственост Комерцијална банка на Хари Костов.

– Зошто имотот кој го продадоа заврши во приватните имоти на неговите сопартијци. Бранко Црвенковски додека е во Велес да им се извини на сите работници кои беа тепани од полицијата додека тој беше премиер, само затоа што штрајкуваа и си ги бараа своите плати“, рече на прес конференција Сашо Лазаровски, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“