ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски кандидира свои луѓе од транзицијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета  дека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, со изборот за кандидат за градоначалник за Крушево, продолжува на своја рака да кандидира свои блиски луѓе од транзицијата.

Како што рече  на денешната прес конференција портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски, Ташули Јуца, не само што не направил нешто за Крушево кога имал можност, туку, вели, се поврзува за една од сомнителните приватизации во градот.

– Ташули Јуца е дел од менаџерскиот тим на трговското претпријатие Универзал, кое во раните 90-ти пропадна, а неговиот капитал и недвижнини се раскрчмија. Јуца и директорите успеаја да си ги поделат дуќаните и магацинските простори меѓусебно, а без егзистенција оставија стотина фамилии. Истиот Јуца подоцна СДСМ го постави како директор на Јавното комунално претпријатие и таму целиот свој мандат го помина без да реализира ниту еден капитален проект или да направи нешто за подобрување на комуналната инфраструктура во Општината, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ