ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски е проблемот на СДСМ

Од:

СДСМ наместо да не вовлекува во нивните внатрепартиски проблеми, причините за внатрепартиското незадоволство, треба да си ги побараат кај себе и нивниот лидер Црвенковски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде тврдат дека не ги интересираат внатрешните проблеми и револт во СДСМ.

– Дали критики за работата на СДСМ стигнуваат од нивни истакнати членови како Љубомир Фрчковски, Димитар Бузлевски, Владо Бучковски, Васко Ефтов, Каролина Ристова Астеруд, Никола Поповски, Михаил Младеновски, или со ова ги заштитуваат Игор Ивановски, Ана Павловска – Данева, Гордан Горгиев, Јани Макрадули, Андреј Петров, е нивна внатрешна работа. Потенцираме СДСМ да не се обидува проблемите од нивниот двор, да ги препишуваат на други. Тоа е нечесно и преставува бегање од проблемите, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела