ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски е класичен блефер

Од:

„Вчера Бранко Црвенковски почна да се фали со туѓи проекти. Се прашувавме што уште неморално не направил овој човек во политиката и ете тој веднаш ни одговори.

– Вчера СДСМ објави дека тие го изградиле автопатот Скопје – Тетово?Прво не знаевме дали тоа е некоја шега, и како да одговориме на тоа, но подоцна видовме дека тие се мртви сериозни и дека навистина сакаат да не убедат во тоа“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

„Автопатот од Скопје до Тетово е почнат со градба во 1998 година, и компленто е завршен во 2002 година. Значи во тогашниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш СДСМ не беше на власт“, констатира Трајановски.

Покажаа слика од свеченото пуштање во употреба на тој автопат, на која лентата ја сече тогашниот потпретседател на Владата, Џевдет Насуфи. На оваа слика, велат, го нема Црвенковски.

„Црвенковски вчера не излажа за ваква видлива и конкретна работа која ја паметиме сите и за која постојат и слики и видео записи. Дрско и навредливо.

– Се надева дека граѓаните заборавиле. Замислете пак кога се дразнува да лаже за нешто вакво на кое сите се сеќаваме, колку тогаш лесно лаже за работи кои не се толку видливи и за информации кои не се лесно достапни до јавноста. Класичен блефер“, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ