ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски е до гуша заплеткан во криминал

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повика лидерот на СДСМ да се изјасни за обвинувањата за шверцот со нафта.

„Денес се навршува петнаесетиот ден како Бранко Црвенковски молчи за скандалот со шверц на нафта. Ваквото игнорирање на еден скандал од овие размери повеќе од јасно ја покажува одговорноста на Црвенковски за кршењето на ембаргото и шверцот на нафта.

Прво, дека Бранко и луѓето околу него правеле криминал покажува признанието на Магаш кој е директен учесник во тој шверц.

Второ, дека таквиот криминал бил јавна тајна покажува и изјавата на Стојан Андов кој во тоа време е партиципиент во власта како претседател на Собранието.

Трето, дека Црвенковски дебело профитирал од нелегалниот бизнис на балканските криминалци кои се одвивал со содејство на власта на СДСМ покажува и изјавата на сегашниот коалициски партнер на Црвенковски, Љубчо Георгиевски.

Значи сите три работи кои јасно укажуваат дека зад шверцот на нафта стои Црвенковски и тогашната власт на СДСМ не ги посочува ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го прават луѓе на Бранко Црвенковски, соработници и сегашни негови коалициски партнери.

Бранко Црвенковски до гуша е заплеткан во криминал и затоа молчи и ја одбегнува јавноста. Овој човек има обврска да се произнесе за овој случај. Неговото одбегнување да проговори на оваа тема претставува потценување на граѓаните. Ваквото негово однесување е одлика на транзициски потрошен политичар кому не му се важни граѓаните и вистината туку личната корист.

За среќа тоа време помина. Нека не се залажува Бранко дека некој во Македонија ќе заборави што тој и правеше на Македонија и граѓаните, каков криминал и пустош остави.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и целата јавноста нема да престане да го прашува Црвенковски: За колкав шверц станува збор? Колку цистерни пушташе низ границите и кој се се богатеше додека народот го осиромашуваа и го ограбуваа? Во кои џебови отидоа парите од шверцот на нафта? На кои банкарски сметки завршуваа овие со криминал заработени пари? Колку од парите од криминалот завршија на партиските сметки на СДСМ“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто