ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска да си поднесе оставка, нема кредибилитет да оценува судии

Од:

„Павлина Црвенковска треба да си поднесе оставка, таа нема кредибилитет да оценува судии. Нејзиниот интегритет е нарушен.

Сопругот на Црвенковска земал кредит во висина од 1.7 милиони евра, со покритие од само 400.000 евра, објавија оштетените штедачи од Еуростандард банка. Тој исто како и Заеви и нивните партнери не го вратил кредитот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Црвенковска покрај тоа што е поврзана со Еуростандард исто како Заеви, таа била и функционер на СДСМ долги години.

Црвенковска нема ниту еден ден судиски стаж, а треба да оценува судии. Каде плови овој брод?!

Црвенковска да си поднесе оставка. Никој нема да верува во нејзината непристрасност, и ќе ја девалвира институцијата во целост“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ