• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Четири месеци Русковска ја влече јавноста за нос

by А1он30/08/2019 - 08:48346
Share0

„Четири месеци откако е пријавен случајот со милионскиот рекет, ЈО единствено што прави е обид да ја убеди јавноста дека Боки 13 бил толку моќен што сам ја вовлекол Катица Јанева и рекетирал бизнисмени. Четири месеци, Русковска ја влече јавноста за нос оставајќи можност да се избришат сите траги кон политичарите и главата на рекетарскиот октопод. Четири месеци ЈО нема мрднато од мртва точка во истрагата.

Добивај вести на вибер

Вилма Русковска четири месеци кова план како да го амнестира Зоран Заев, кој е спомнат од страна на жртвата во случајот како човек кој ги предупредил директните извршители Боки Тредичи и Зоки Кичеец“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што крие Русковска и дали со нејзиното неделување, отвора шанса лица кои се уште не се опфатени со случајот да влијаат врз сведоци и да уништуваат докази, но и да се впуштат во бегство!?

Вилма Русковска и ЈО целосно ја компромитираа истрагата за Рекет. Со секој поминат ден неделување на граѓаните им станува јасно дека се прави излезна варијанта за Заев и власта.

Eфикасна правна разрешница во случајот Рекет со Заев на власт не е можна. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро. Потребна е обнова на Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен