ВМРО-ДПМНЕ: Четири дена Спасовски се крие и нема одговори кој го украл и каде е оружјето од полицискиот магацин во Охрид

Од:

„Четири дена Спасовски се крие и нема одговори кој го украл и каде е оружјето од полицискиот магацин во Охрид – оставка веднаш. Спасовски е во заблуда, ако мисли дека со поминување на одредено време ќе се заборави за кражбата на оружје од охридската полиција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој мора да каже кој го украл, колку оружје е украдено, но и пред се како беше можно да се украде оружје од полициски магацин, и тоа со денови да не се расветли.

Од молкот на Спасовски се извлекуваат само два заклучоци. Или Спасовски е неспособен и не знае како да и признае на јавноста дека е неспособен и не знае каде е оружјето или тој е во коалиција со криминалците кои го украле оружјето.

Украденото оружје е доволно за вооружување на цела единица. Покрај муниција, украдени се и рачни бомби и гранати.

Доколку владата и МВР продолжат да молчат и да не преземаат ништо, тие само им даваат дополнителен мотив на криминалците да продолжат со истите активности и на други места“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела