ВМРО-ДПМНЕ: Центарци не заслужуваат градоначалник како Богдановиќ

Од:

„Ѓубре и смет расфрлано насекаде, преполни контејнери, раскопани улици, хигиена на најниско можно ниво, ваква е ситуацијата во општина Центар.

Неспособноста на градоначалникот Саша Богдановиќ нема граници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие слики го докажуваат она за што граѓаните реагираат со месеци до Општина Центар.

Богдановиќ ветуваше живот, воздух и чиста животна средина за сите. Ниту едно од овие ветувања не е исполнето.

Наместо тоа центарци добија нечиста, хаотична и небезбедна животна средина.

Вакви работи се недозволиви да се случуваат во денешно време во општина чиј буџет изнесува над 20 милиони евра.
Богдановиќ треба да биде свесен дека ваквата ситуација е недозволива посебно во летно време каде можноста за зарази е неколку пати поголема отколку во другите периоди.

Богдановиќ треба под итно да ги расчисти дивите депонии на територијата на општина Центар и конечно да почне да си ги исполнува своите ветувања. Ако не може да го направи тоа тогаш време е работата да ја препушти на некој друг.

Центарци не заслужуваат градоначалник како Богдановиќ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар