ВМРО-ДПМНЕ: Центар е нечист и полн со ѓубре

Од:

„Центар е нечист и полн со ѓубре. Најдиректен виновник за оваа ситуација е градоначалникот Саша Богдановиќ. Граѓаните секојдневно се сведоци на урбаниот хаос, нечистотијата, купиштата ѓубре и дупки по улиците.

Во прилог Ви испраќаме нови слики за јавноста да види со каква катастрофална ситуација се соочува Центар. Што овој пат ќе му биде изговор на квази експертот по зеленило, дрва, трева и годишни времиња Богдановиќ.

Наместо Богдановиќ да се занимава со теории на заговор нека се фати за работа и да почне да ги остварува своите ветувања. Ѓубрето, депониите и обновата на улиците во Општина Центар нема да се средат сами од себе.

Потребно е посветеност и работа особини што Богдановиќ ги нема.

Граѓаните не го избраа дa слушаат неговите оправдувања и да си ја префрла топката со неговото партиско другарче Шилегов кој за што е надлежен.

Центарци го избраа зошто ветуваше дека ќе ги среди проблемите и конечно ќе го реши проблемот со ѓубрето, уништените паркови и урбана опрема, добитокот кој слободно шета низ Општина Центар и слично.

Жителите на Центар заслужуваат модерна и урбана општина но не заслужуваат градоначалник како Богдановиќ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец