ВМРО-ДПМНЕ: Целата јавност е свесна дека Зоран Заев е повторно фатен во лага

Од:

„Зоран Заев колку и да се обидува да се амнестира од овој скандал, целата јавност е свесна дека повторно е фатен во лага.

Зоран Заев пред само неколку дена изјави дека заедно со неговиот брат Вице донеле одлука да ја продадат механизацијата и камионите кои и припаѓаат на фирмата “Тотал инжинеринг”. Истиот ден кога го кажа во јавноста ова, во Службен весник на РМ е објавено дека фирмата “Тотал инжинеринг” добива концесија за ископ на глина изгласана на владина седница.

Заев е фатен повторно во лага.

Како може да ги продале камионите и механизацијата, а истиот тој ден која ја дава оваа изјава, фирмата на неговиот брат добива уште еден вносен бизнис за ископ на глина?

Колку милиони евра ќе тежи новиот бизнис кој пред неколку дена го доби „Тотал Инжинеринг“ – директно од владата на Зоран Заев?

Уште колку бизниси добиваат Заеви во исто време, додека Зоран Заев е премиер на Република Македонија?

Дали обвинителството не гледа во ова сомнеж за криминал и злоупотреба на службената позиција?!?

Граѓаните чекаат одговори на овие прашања“, се вели во реакцијата на соопштението на Владата на Република Македонија кое се однесуваше на прес конференцијата на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус