ВМРО-ДПМНЕ: Брука, фејсбук страната на ОБСЕ во Македонија е хакирана, служи како Виетнамски хотлајн

Од:

„Брука, Османи и Ковачевски се фалеа со претседавањето со ОБСЕ, потрошија 5 милиони евра, а добивме Виетнамски хотлајн. На само неколку дена по преземањето на претседавањето со ОБСЕ, фејсбук страната на ОБСЕ во Македонија е хакирана и сега наместо за промоција на земјата и ОБСЕ служи како Виетнамски хотлајн“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Срамота е кога претседаваме со Организацијата за безбедност и соработка во Европа да имаме нарушена безбедност.

Ковачевски и Османи не можат да обезбедат, ниту една фејсбук страница, а не пак нешто повеќе.

На што троши власта 5 милиони евра, кога државата се брука на секој чекор?

Дали и овие 5 милиони евра, ќе се потрошат како стотиците илјади евра потрошени на саемот за вино во Белград, каде наместо промоција на државата имавме шетање на државен трошок на луѓе од власта.

Со Ковачевски и Османи, наместо промоција имаме понижувања и потсмевања.

Не поминаа неколку дена откако Ахмети го пофали Османи дека министерувал со половина земјина топка и еве сега е одговорен за Виетнамски хотлајн“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела