ВМРО-ДПМНЕ: Бројките ги демантираат „успешните“ мерки на власта, инфлацијата во месец март е 8.8%

Од:

Какви црни мерки на власта помогнаа во справување со кризата? Бројките го демантираат соопштението на СДСМ. Имено, во јануари месец инфлацијата беше 6.7%, во февруари месец 7.6%, за да во март месец е 8.8% велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Според бројките може да се воочи дека мерките на СДСМ не се баш успешни во справување со економската криза. Над 35% од граѓаните живеат во ризик од сиромаштија, а растот на економијата ни е најнизок во споредба со сите земји од регионот. За година ипол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%. Под итно се потребни зголемувања на платите и во другите области, и раст соодветен на минималната плата. Со оваа криминална власт граѓаните секој ден стануваат се посиромашни се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?