ВМРО-ДПМНЕ: Бројката од 38 новозаболени и 3 починати оди на нечистата совест на Заев

Од:

„Денес бројката од 38 новозаболени и 3 починати оди на нечистата совест на Зоран Заев, кој бара избори по секоја цена.

Бројот на жртви и новозаразени од Ковид-19 оди директно на совеста на Зоран Заев. Сите статистики покажуваат дека Македонија најлошо се справува во регионот.

Зоран Заев сака избори каде наместо гласови ќе се бројат жртви од корона. Ова е врвот на неговата некрофилска политика. Наместо изборен натпревар Заев посакува изборна кланица. Ова оди на совеста на Зоран Заев. Кај овој човек нема никаков разум ниту совест“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден од трите нови смртни случаи е медицинско лице. Фактот што бележиме умрени медицински лица говори за несериозниот однос на владата во изминативе 2 месеци.

ВМРО-ДПМНЕ апелираше за навремено опремување со заштитна опрема на медицинските лица, јавната администрација и луѓето во постојан контакт со поголем број на лица, но наместо на заштитна опрема Заев и СДСМ трошеа пари за набавка на скапи алкохоли, морска храна и мебел за владата.

Во ек на корона приоритет на Заев му беше личната комоција, а сега функцијата. Ништо се нема сменето. Зоран Заев и СДСМ размислуваат само за себе, а граѓаните се оставени сами на себе“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му