ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Од:

Сумите од по 200 илјади евра од Еразмус +, како од шала, се делеле на лица блиски од СДС. Покрај Фрчкоски, судијата Лазар Нанев, во времето на Лидија Димова и Зоран Заев, со 205 илјади евра, пари од агенцијата, се офајдил и брат на пратеник од редовите на СДС. Станува збор за братот на тогашниот пратеник од СДС, Диме Велковски. На него, Заев и Димова преку Еразмус+ му доделиле грантови финансиски средства за два проекти и тоа, за дресирање магариња и правење сирење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Едниот бил во висина од 83 илјади евра, и тоа, верувале или не, за дресура на магариња. Нешто до тогаш, но и до сега, невидено и невообичаено. Наместо средствата да завршат за образовни проекти за младите, тие завршиле кај брат на пратеник од СДС, за дресирање магариња.

Но, СДС не застанаа тука, на братот на пратеникот Велковски од Агенцијата му доделиле дополнителни 125 илјади евра, и повторно не за образовен проект, туку за проект „Избери сирење“, кој нема никаква врска со образовни програми.

Преку Димова, СДС и Зоран Заев ги цедеа финансиските средства од Еразмус+, за парите да ги делат на нив блиски луѓе. За да ги задоволат партиските потреби, делеа пари на судии, професори, на браќа на пратеници.

Ваквата злоупотреба и проневера на финансиски средства наменети за образовни програми за младите, не помина незабележана ниту од јавноста, ниту од Европската заедница која бара да и се вратат дел од проневерените пари.

Ова е потврда и доказ дека СДС, Заев и Димова не си ја вршеле чесно својата работа, туку дека финансиските средства ги користеле за задоволување на партиските интереси, со што го уривале и угледот на државата.

Го повикуваме обвинителството, да не молчи и да ги штити како до сега, туку да се стави во служба интересите на државата и конечно да донесе правда и секој кој се огрешил или проневерил финансиски средства, да одговара, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев