ВМРО-ДПМНЕ: Бранко молчи 23 дена

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение повторно го повикува Црвенковски да даде одговор за обвинувањата за шверц со нафта.

„Денес е 23-тиот ден како Бранко Црвенковски молчи и не сака да одговори за мега скандалот со шверц за нафта. Црвенковски бегајќи од оваа тема сака да ја одбегне одговорноста за шверцот на “контигенти нафта”, како што впрочем изјави Магаш кој во своето признание го посочи по име и презиме Бранко Црвенковски и Љубмир Фрчковски за луѓето со кои се договарал овој криминал. Тој ја посочи и конкретната тарифа на заработка која ја имале овие двајца, како и местото на кое се договорале.

Ова се детали кои говорат за вистинитоста на признанието. Но не е само Магаш кој тврди дека шверцувало нафта. Тоа го тврдат и коалициските партнери на Бранко, Стојан Андов и Љубчо Георгиевски.

Шокантно е што Стојан Андов во својата анализа посочува дека имало и предупредувања, па дури и закани со санкции по Македонија од меѓународниот фактор, доколку Црвенковски не превземе конкретни мерки за прекин на криминалот со шверц на нафта.

Фактот што сега молчи е доказ дека Црвенковски е до гуша заплеткан во нечесни бизниси. Тој тогаш ја имал одговорноста и тој треба да каже кој се луѓе биле вмешани во шверцот со нафта, колку цистерни на нафта биле шверцувани, каде завршиле парите, и дали тие пари се користени за финансирање и спонзорства на СДСМ“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?