ВМРО-ДПМНЕ Битола: Изборите не се добиваат на маса со пенкало, закани или уцени

Од:

Валентина Маркоска портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, и се обраќа на опозицијата, посочувајќи дека изборите не се добиваат на маса со пенкало, закани илиуцени. Изборите, вели, се добиваат на избирачките места каде граѓаните јасно и недвосмислено ја даваат својата поддршка според сопственото убедување, онака како што тоа го направија пред неколку дена. На избирачките места, секој глас е подеднакво важен, а гласовите на народот јасно покажаа кој е победник а кој губитник.

„Пред Државната Изборна Комисија да ги соопшти првичните изборни резултати никој од вас воопшто не спомнувашеизборни нерегуларности или изборниинциденти. Бројот на освоени мандати – 49 ве натерада почнете очајно да се заканувате со жалби, пребројување, прегласување.

На најмирните и најдемократските избори одржани досега, мнозинството македонски граѓани кажаа НЕ за двојазичноста, НЕ за поделбите НЕ за менување на Уставот на државата. Нашата коалиција ја освои довербата и во бројот на гласови и во бројот на мандати. Со вистинската победа народот се гордее и за неа слави, а за изборниот резултат потврда добивме од сите пријатели на Македонија. Наместо лажни прослави и помпезни изјави, време е СДСМ да собере храбрости достоинство и да ни го честита остварениот изборен резултат“, вели Валентина Маркоска портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела