ВМРО-ДПМНЕ: Било која друга Влада претходно не направила толку за животната средина

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ засади 38 милиони дрва во својот мандат, а оваа година ќе се надмине бројката од 40 милиони засадени дрва. Во овие неколку години додека на чело на градот Скопје е Коце Трајановски, засадени се околу 50 илјади дрва, само во град Скопје, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ во врска со активностите поврзани со изградбата на просторот околу хотелот Бристол, чиј организатор е СДСМ.

– Ниту во Скопје, ниту во Македонија било која друга Влада претходно не направила толку многу за одржување и подобрување на животната средина. Набавени се нови градски автобуси со високи еколошки стандарди, булеварите и улиците се градат и прошируваат како никогаш досега, со што се зголемува и подобрува проточноста на сообраќајот и се намалува загадувањето, се подвлекува во реакцијата.

Со мерката за либерализација на увозот на возила, се посочува, драстично е обновен возниот парк во Република Македонија.

Што се однесува до изградбата на зградата за Совет за радиудифузија, таа треба да претставува трајно решение, со оглед на досегашните трошоци за кирија, кои месечно изнесувале до 12.000 евра. Оттука, се вели во ракцијата од ВМРО – ДПМНЕ, шпекулациите и манипулациите кои ги прави СДСМ се повеќе од видливи.

– Раководството на СДСМ и ЛДП немаат заседено ниту 40 дрвца во своето владеење, а сега прават ефтин театар од неколку отстранети дрва. Градот Скопје независно од политичките игри на СДСМ мора да продолжи да се развива и гради. Додека се гради секогаш се зема во предвид за зеленилото и за таа цел секоја година во Скопје се превземаат акции за разеленување на просторот и негово константно одржување, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела