ВМРО-ДПМНЕ: Бендевска ја промаши адресата

Од:

„Максимално некоректни и неинвентивни се обидите на СДСМ да престави слика во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за потребите на семејствата. Ние ги разбираме притисоците од Црвенковски и партиската задача на Бендевска да излегуваат секојдневно на прес конференции, но денешниот настап ја промаши и целта и адресата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувања на Весна Бендевска дека е направено кршење на законот во битолската болница со прашањата „дали сте мажена и дали имате деца“.

„Прво, СДСМ е партијата која не води сметка за интересите и потребите на семејствата. Многупати претходно сме биле сведоци како СДСМ го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ токму за проектите кои значат грижа за семејството. СДСМ е партијата која беше против паричната помош за третородено дете и беше против законот за парична помош за четврто родено дете. СДСМ не го поддржа проектот на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на бесплатни социјални станови за самохрани мајки. СДСМ не го поздрави ниту зголемувањето на износот на социјални трансфери, СДСМ не го поддржа задолжителното вакцинирање против ХПВ, не најдоа сили да ја пофалат ниту националната стратегија за спреч зување и заштита од семејно насилство. ВМРО-ДПМНЕ посветено работи и ќе продолжи да се грижи токму за заштита на правата на жената и подобрување на положбата на семејствата.

Второ, во својата желба да критикуваат, Бендевска ја промаши адресата. Вработувањата ги прават ЈЗУ, а не министерството за здравство. Вработувањата се одвиват согласно постапка прецизирана со закон каде одлучувачко влијание имаат просекот на факултет, резултатите од квалификацискиот испит, стручноста, познавањето на странски јазици и сл. Се друго кое е надвор од професионалните стандарди и потреби е ирелевантно и нема никакво одлучувачко влијание при ангажирњето на здравствените работници.

Вистинското прашање е како се вработуваше во време на СДСМ- единствено со партиска книшка, каде главен критериум беше непотизмот. Така се создаде и белата мафија и така партиските доктори на СДСМ правеа милиони од маката на болните. Работите сега се менуваат. Се воведуваат стандрарди. Затоа СДСМ денес се противи на транспарентна процедура за вработување“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нашата посветеност како кредибилна членка на НАТО ќе продолжи

Горан Наумовски

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

ВМРО-ДПМНЕ: Eнергетскиот сектор во Македонија е на дното, народните пари се трошеле недомаќински

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

(ВИДЕО) Стојаноски: Откриени злоупотреби со јавните набавки во 19 здравствени установи и клиники