ВМРО-ДПМНЕ: Бараме Петре Шилегов јавно да се извини за изнесените навреди и говор на омраза кон ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Нивото на политичка комуникација и начинот на кој што Шилегов настапува во јавноста е срамен и недоличен. Неговите испади и неможноста да се контролира не може да се оправдаат со нервозата, личната некултура и вулгарноста, вели ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Згрозени од неговите настапи, бараме Петре Шилегов јавно да се извини за изнесените навреди и говор на омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Во
спротивно ќе бидат преземени сите законски мерки за санкционирање на неговото однесување.

Ваквиот примитивен речник со навреди и говор на омраза не е нов за Шилегов. Доколку Шилегов е нервозен за слабиот резултат на СДСМ на изборите за кој се виновни и тој и неговиот претседател Заев, тоа може да го каже на Бихаќка.

Во јавноста тој е градоначалник и треба да се однесува така. Го охрабруваме Шилегов по оставката од партиската позиција да си даде оставка и од градоначалничката функција, бидејќи Скопјани не се помалку важни од неговата партија.“, се објасну во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ