ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да се извини и да даде оставка од сите политички функции

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека потпретседателот на СДСМ Зоран Заев со својата вчерашна изјава „оти допрва ќе има пукање“ го открил насилничкото сценарио на опозициската партија. Побара Заев да се извини на сите граѓани и да поднесе оставка од сите политички функции што ги извршува.

– ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од најавите на потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, на кои тој се заканува дека допрва ќе има пукање. Зоран Заев го кажа тоа што ние го знаеме, а СДСМ пробува да го скрие. Тие спремаат хаос, насилство и тепање. Тие се закануваат со пукање. Впрочем, во последните неколку денови видовме повеќе физички пресметки што ги направија членови на СДСМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, Заев во својата реакција признал за автентичноста на телефонскиот разговор, но пробал да ја изврти вистината. – Зоран Заев јасно кажува дека ќе се пука и го открива насилничкото сценарио што го планира СДСМ. Многу е очигледно дека Зоран Заев со својата реакција ги потцени граѓаните и проба да манипулира со нив. Ако тој се однесувал недоветно и зборувал тоа што не смее, нека не мисли дека граѓаните се недоветни и дека не го разбраа што зборува.Во телефонскиот разговор со новинарот, Зоран Заев, мислејќи дека новинарот е член на СДММ од Крива Паланка, а после заканата дека ќе се пука, кажува дека кога ќе дојде време, сите членови ќе добијат свои задачи и насоки. Со тоа тој само потврди дека членовите на СДСМ ќе добијат задачи и насоки, да се пука, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија нагласуваат оти Заев во својата реакција излажал и тоа го направил за да смисли какво било оправдување.

– Во снимката тој јасно кажува дека СДСМ нема да излезе на претстојните локални избори, а ако ВМРО-ДПМНЕ оди сама, ќе има пукање. Тој всушност се закани со пукање, за ВМРО ДПМНЕ да не оди на избори. Ова е еден класичен обид на Зоран Заев и СДСМ да се исперат од одговорност од тешките зборови и да го скријат од јавноста сценариото за создавање хаос. ВМРО-ДПМНЕ повикува, наместо Зоран Заев да се служи со ефтини манипулации, да излезе пред македонскиот народ и да побара извинување. После ваква срамна изјава тој треба да си поднесе оставка од сите политички функции кои ги извршува, посочува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски