ВМРО-ДПМНЕ бара собраниска седница за продолжување на енергетската кризна состојба

Од:

Со оглед на тоа дека на сила е Одлука на Владата за енергетска кризна состојба донесена на 09.11.2021 година со рок на траење од 30 дена, истата би требала да заврши на 08.12. 2021 година. Имено, повеќе од јасно е дека енергетската криза ќе трае подолго од 30 дена и дека ќе треба согласно закон да биде продолжена рече на прес конференција во Собранието пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека граѓаните не смеат да битат жртви на неизвесноста од тоа кои имаат мнозинство во Собранието на Република Македонија и затоа бараме да се закаже седница на Собранието на која ќе биде продолжена енергетската кризна состојба, а ние како пратеничка група со нашето присуство ќе помогнеме за обезбедување на кворум за истата. Најпрво, бараме да се предвидат 250 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија на граѓаните и компаниите за да се спречи дополнителен ценовен шок и инфлација.
Како второ, бараме да се обезбедат пари за сите општини кои од почетокот до па се до крајот на енергетската криза се соочиле со раскинување на договорите од страна на снабдувачите односно да се покрие разликата меѓу првично склучениот договор и моменталната цена на електричната енергија. Овие средства да бидат обезбедени од Владата и на тој начин да се помогне компаниите и на граѓаните, вели Мисајловски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ