(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ бара Шеќеринска да им се извини на граѓаните

Од:

Поминаа неколку дена од срамното интервју на Радмила Шеќеринска за грчките медиуми, а неа ја нема да им се извини на граѓаните. Кажа и избега, ова на денешната прес-конференција го соопшти Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ситните партиски интереси, личниот гнев и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ, не се доволна причина за еден политичар како Радмила Шеќеринска да си дозволува да ги загрози интересите на целата држава и на сите граѓани. Таа може да биде лута на сите поради своите изборни неуспеси, но не треба да зборува со аргументи кои може да и нанесат штета на својата држава, истакна Ѓорчев.

Грчката држава и грчката дипломатија, како што рече, со задоволство користат вакви примери, во кои политичари како Радмила Шеќеринска, ја изедначуваат и вината и одговорноста на Република Македонија и Грција. Потенцира дека затоа ја пренеле сите грчки медиуми и додаде оти ова не е прв пример на политичар од СДСМ.

– Да зборувате за проблемот на Република Македонија, а да не ја споменете пресудата од Меѓународниот суд на правдата од Хаг, да не ги спомнете позициите на граѓаните во врска со прашањата на идентитетот и да не ги споменете сите конструктивни чекори кои Македонија ги презема во овие дваесетина години, секако може да остави впечаток за политичар кој повеќе се грижи за својот имиџ во очите на грчката јавност од тоа што се грижи за националните и државни интереси на Република Македонија, рече Ѓорчев.

Ставовите на Шеќеринска, нагласи Ѓорчев, често ги слушаме и како аргументи на грчките дипломати кога објаснуваат зошто нашата држава не треба да продолжи да чекори кон ЕУ и НАТО.

– Тоа за Република Македонија е проблем. И СДСМ и Радмила Шеќеринска имаат секакво право да се борат против оваа власт и Влада, но не преку грбот на националните и државни интереси. Тие може да не критикуваат за што ќе посакаат, но мора да водат сметка кога во прашање се толку суштествени прашања како спорот што е наметнат од Грција. Напаѓајќи ја Владата, во овој случај повеќе ја напаѓаат државата, рече Ѓорчев.

Тој смета дека нејзината желба да се претстави како успешени модерен политичар отишла до таму што е подготвена да се трампа со интересите на сопствената земја.

Би можело да ве интересира

Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

(ВИДЕО) Лефков: Филипче е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лажни вести за политичко поентирање

ВМРО-ДПМНЕ: Стратегија Македонија 2030 со шест носечки стожери за безбедна, стабилна, економски и технолошки развиена држава

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски