ВМРО-ДПМНЕ бара ребаланс на буџетот на општина Центар

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, денеска побара градоначалникот Андреј Жерновски и мнозинството советници на СДСМ, да го прифателе нивното барање за ребаланс на 9,8 милиони денари, пари кои според нив ќе допринеле за зголемувањето на зелените површини во Општина Центар.

– Ова е едно практично решение кое Жерновски треба да го прифати, во спротивно ќе сметаме дека Жерновски блефира и во целост ќе се разобличи неговиот нечесен и неодговорен пристап кон граѓаните на Општина Центар. Општина Центар нема проекти кој што значат креирање на нова вредност во општината. Градоначалникот Жерновски сам се прогласи за ненадлежен градоначалник. Со оглед на овие факти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во текот на следната недела ќе предложи ребаланс на буџетот на Општина Центар – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, станувало збор за ребаланс на 9,8 милиони денари, кои државните институции веќе ги имале уплатено на сметката на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар