ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исклучи од партијата сите што во иднина ќе гласаат за уставни измени, најави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски по состанокот на партискиот Централен комитет.

Тој изрази и очекување оние кои гласаа за уставните измени да си поднесат оставки бидејќи не добиле поддршка од народот да го менуваат името на Македонија.

„Од пратениците кои гласаа очекуваме да си поднесат оставка. Тие кои учествуваа во нивно убедување, уценување, поткупување, па дури у физичка закана дел беа разрешени, а за дел бараме од општинските комитети да ги исклучат од членството“, додаде Николовски.

На денешниот Централен комитет партијата ги разреши од функциите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите. Партијата поднесе барање за исклучување за ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски