ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување од Амбасадата на САД

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение бара појаснување од Амбасадата на САД во Скопје дали нивната позиција за продолжување на разговорите за формирање нова влада, еден ден откако партијата се произнесе дека ситуацијата во Македонија е зрела за избори, значи дека САД сугерираат и бараат од Република Македонија и од партиите во Парламентот да нема нови предвремени парламентарни избори и дали тоа е официјален став на новата администрација на САД.

– Еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ јавно се произнесе дека ситуацијата во Македонија е зрела за нови избори, Амбасадата на САД во одговор на новинарско прашање ги повика партиите да ги продолжат разговорите за формирање нова влада. Одговорот на новинарското прашање следеше откако не беше постигнат договор за формирање влада во уставниот рок и СДСМ излезе со став дека треба да го добијат мандатот, иако тоа не е предвидено со Уставот. Со оглед на дискусиите во јавноста кои ги отвори овој став на Амбасадата, ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување дали нивната позиција значи дека САД сугерираат и бараат од Република Македонија и од партиите во Парламентот да нема нови предвремени парламентарни избори и дали овој повик може да се толкува како официјален став на новата администрација во САД, партиите со постоечкиот распоред на силите од последните избори да состават нова влада, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова прашање, како што стои, ВМРО-ДПМНЕ го поставува јавно бидејќи ставот на Амбасадата беше изнесен јавно и создаде конфузија при неговата интерпретација во јавноста, па, сметаат од партијата, би било добро и појаснувањето да е јавно.

– ВМРО-ДПМНЕ како партија под чие водство Македонија потпиша Декларација за стратешко партнерство со САД во 2008 година останува на позициите дека двете земји треба да ја продолжат соработката во духот на таа Декларација, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања