ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Глигоров од позицијата генсек на Град Скопје: До кога СДС и Арсовска ќе штитат семејно насилство

Од:

„Оставка од Глигоров од позицијата генсек на Град Скопје, до кога СДС и Арсовска ќе штитат семејно насилство?! Арсовска со денови молчи за насилството на нејзиниот генсек врз вработени во Град Скопје, иако како жена политичар треба да биде прва против насилството, а особено против семејното насилство, за што во минатото Глигоров исто така бил пријавуван“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Арсовска не знаела дека нејзиниот втор човек е насилник, сега знае, и нема оправдување да не го разреши.

Недозволиво е човек со склоност кон насилство да биде втор човек во институција како Град Скопје.

Дали Глигоров има карактерна особина за насилничко однесување кон жени и поддредени во службата, не навлегуваме, тоа е проблем кој доколку се детектира треба да се третира од соодветни установи, но не може таква личност да биде на раководна позиција.

Што да очекуваат граѓаните кои треба да чекаат услуга од генсекот Глигоров? Нема место за насилството во 21 век, ниту во институциите, ниту во општеството.

Ги повикуваме СДС и Арсовска да го прекинат молкот и да го разрешат Глигоров“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела