ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност, за вицепремиерката Грковска нема конфликт на интереси во случајот „Броило“

Од:

За вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, аферата „Броило“ на ВМРО-ДПМНЕ за доделувањето на државната помош на компанијата „Пиксел гроуп“ на кумот на премиерот Ковачевски е неуспешен обид за покревање на прашање за кое веќе ДКСК веќе се изјаснило дека нема конфликт на интереси.

„Првиот момент кога ја отворивте наводната афера, Антикорупциска го разгледа случајот и укажа нема конфликт на интереси и сосема е законска процедурата, бидејќи премиерот кога станал функционер се откажал од уделите во фирмата. Тоа за вас е незамисливо, бидејќи во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не можеше да се замисли да има независна комисија. За жал, се’ уште не можете да излезе од таа матрица. За оваа држава не е добро да има опозиција која пласира дезинформации“, рече Грковска.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, одговорот на Грковска го оцени како “катастрофален прв настап во Собрание“. Како што рече Лефков, по вчерашното разгледување извештајот на ДКСК, лично ја прашал претседателката на институцијата, Билјана Ивановска и таа му одговорила дека постапката за аферата „Броило“ е се уште во тек.

„Ковачевски и кумот ја основале „Пиксел гроуп“ пет месеци откако СДСМ прави Влада. Оваа фирма добива 4 исплати од Фонд за иновации од 70 314 евра и државна помош во вредност 443 илјади евра. Компанијата „КМГ ЕОЛ Квазар“ добива тендери во ЈКП комуналец од 100 000 евра, тендер од ЕВН во вредност од 2 милиони евра. Државата е претставувана од Владата и има свој удел во ЕВН. Тоа значи дека кумашинот има мандатна сопственост во фирмата во која што кумот добива тендери. Три месеци откако Ковачевски е премиер се основа бугарската фирма „АЕ Солар Хоризон АД“ со основачки влог од 15 000 лева. Осум месеци откако е премиер, фирмата основана од него „Пиксел гроуп“ и фирмата од Софија ја основаат компанијата „АЕ СОЛАР АД Тетово“ вредна 54 милиони евра, рече Лефков.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна и на вчерашното истражување на „А1он“ дека кумот на премиерот Ковачевски се повлекол од функциите во тетовската компанија, но, дека останал нејзин ко-сопственик и дека тоа значи дека доколку аплицира може да добие државна помош, без името да му се спомне во јавноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Ковачевски: СДСМ со граѓанското општество направи многу исчекори, заеднички ќе ја исполниме и целта за членство во ЕУ

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ не беше фер, но нема откажување од европската иднина

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Со влез во ЕУ, просечната плата од 1300 евра и 800 евра минимална плата

Катерина Ѓуровски