ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Шилегов за приходи од закупнина

Од:

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „СДСМ не знае и нема како да објасни како е возможно портпаролот Петре Шилегов да добива 700 евра месечно на име закупнина за имот кој никаде не постои“.

– Од овие приходи Шилегов годишно инкасира 8.400 евра за имот кој никаде го нема. 8 400 евра приход за кој никој не знае од каде доаѓа. рече денеска на прес-конференција Александар Стојкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во анкетниот лист, наведе, стои дека Петре Шилегов во ставката други приходи остварува месечна закупнина од 43.000 денари од имот во сопственост на неговиот брачен другар.

– Што криете господине Шилегов? Има неколку алтернативи, или Петре Шилегов на ваков начин пере пари стекнати на незаконски начин, или некој месечно му исплаќа средства по незаконски пат за недозволена работа или поседува непријавен имот? Или пак и самиот не е свесен како дошле овие 8 400 евра приход кај него, рече Стојкоски.

СДСМ и Шилегов, додаде, треба да излезат и да објаснат дали постои имот на име на сопругата на Шилегов кој тој го нема пријавено, а ако нема таков имот тогаш да кажат како е возможно некој да добива кирија за имот кој не постои.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела