ВМРО-ДПМНЕ бара неотповиклива оставка на Марија Петковска од функцијата претседател на ОИК Кратово

Од:

„Втор ден откако го објавивме скандалозниот случај каде што претседателката на општинската изборна комисија Марија Петковска спротивно на законот присуствува на партиските конвенции на СДС.

Значи човекот кој треба непристрасно да организира избори всушност е партиски војник на СДС.

Ова е грубо прекршување на изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ бара неотповиклива оставка на Марија Петковска од функцијата претседател на ОИК Кратово.

Државната изборна комисија под раководство на Чичаковски се уште молчи за скандалот од невиден размер.

Чичаковски не смее а си дозволи Државната изборна комисија да ја става во функција на СДС и Зоран Заев. Државната изборна комисија е независен орган кој треба да го регулира и организира изборниот процес да се одвива во фер и демократска атмосфера ДИК мора да вложува напори за да се одржува непристрасност, одговорност и професионалност во работењето.

ВМРО-ДПМНЕ апелираме до сите надлежни институции, претставништвата на меѓународната заедница да реагираат на ова недозволиво делување на ДИК во полза на СДС и Заев.

Ова е грубо нарушување на изборниот процес.

Граѓаните очекуваат одговорност за незаконското работење на СДС и Заев. Одговорно мора да има.

На претстојните локални избори на 15-ти октомври граѓани ќе го казнат Заев и СДС. Граѓаните ќе кажат НЕ на незаконското, расипничко и деструктивно управување на СДС и Зоран Заев“, изјави Слаѓана Митовска.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела