ВМРО – ДПМНЕ бара јавна дискусија за Законот за државјанство

Од:

Со процедуралните дискусии на седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, со барање за јавна расправа за Законот за државјанство, ВМРО – ДПМНЕ има цел да кочи и да опструира и продолжува нивното лицемерното однесување и лажно душегрижништво, изјави за МИА претседателот на Комисијата Миле Талевски, по дадената пауза на седницата на Комисијата на чиј дневен ред единствена точка е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство, по скратена постапка, во второ читање.

Според Талевски, самите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ на седницата денеска признале дека во оваа фаза тоа не може деловнички да се овозможи.

Талевски информира дека како претседател на Комисијата ги потсетил оти на отворањето на 13-та седница пред утврдувањето на дневниот ред за Законот за државјанство, а согласно член 124 од Деловникот на Собранието, се дава можност на присутните пратеници да предложат свои предлози согласно потребата на Комисијата односно предложените точки на дневен ред.

– На 5 март 2021 година на отворањето на седницата ниту еден од пратениците, вклучително и пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, не даде предлог за јавна дебата или повикување експерти. Согласно тоа, дневниот ред беше усвоен со 8 гласа „за“ од 11 присутни, изјави Талевски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност.

На прашањето дали има поднесено амандмани од страна на ВМРО – ДПМНЕ, Талески одговори дека амандмани од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ не се поднесени.

На седницата процедурални забелешки имаа речиси сите пратениците од ВМРО – ДПМНЕ членови на Комисијата и бараат јавна дискусија.

Ставот на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, членови на Комисијата, е дека решенијата не се доволно добри и дури во некои моменти се противуставни бидејќи, сметаат, се прават пропусти и во редовната постапка за добивање државјанство, што пак, според нив е прифатливо, а нашата држава на тој начин ќе има најлиберални правила во Европа за стекнување документи, што, подвлекуваат, не е дозволиво за една сериозна држава што претендира да стане член на ЕУ.

За законот, според најавите, се подготвени десетина комисиски амандмани, по разговорите на пратениците и претседателите на СДСМ и премиер Зоран Заев и на АА и Алтернатива Зиадин Села.

Се очекува да продолжи седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Би можело да ве интересира

СДСМ ја напушти седницата за интерпелациите на неколку министри

Катерина Ѓуровски

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите за Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата седница закажани се пет интерпелации

А1он

Собранието го донесе Законот за учебници

А1он

Уверение за државјанство ќе се вади во секое време преку uslugi.gov.mk

Предлог на законот за средно образование по барање на Владата е повлечен од собраниска процедура

Горан Наумовски