ВМРО-ДПМНЕ бара да се откријат лицата што ги оштетија гробовите во с. Љуботен

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска најостро го осуди вчерашниот, како што наведоа, вандалски чин во кој беа осквернавени триесетина гробови кај црквата Свети Никола, во село Љуботен.

– Пораката која се испраќа преку ваквиот вандалски чин ги вознемирува не само жителите на село Љуботен туку и граѓаните низ цела држава.
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува ова злосторство и бара виновниците што е можно побрзо да излезат пред лицето на правдата. МВР не смее да се однесува незаинтересирано, изјави Дејан Митровски.

ВМРО-ДПМНЕ очекува уште во наредните денови вандалите да бидат откриени и санкционирани.

– Само на тој начин ќе се испрати јасна порака дека ваквото вандалско однесување е неприфатливо и ќе се смири нервозата кај граѓаните, рече Митровски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?