ВМРО ДПМНЕ бара анкетна комисија која ќе ги утврди фактите и политичката одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница

Од:

Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, најави дека до спикерот на Собранието ќе поднесе Предлог на одлука за формирање на Анкетна комисија која ќе има за цел утврдување на фактите и политичката одговорност на надлежните и одговорните лица и институции.

„Неотповиклива оставка и понесување на одговорност од етички и морални причини е доблесен чин на искрен, чесен и самосвесен човек. На политичар и човек кој поседува личен интегритет и достоинство. За жал, министерот за здравство Венко Филипче докажа дека не е тој човек. Зоран Заев докажа дека не е тој човек. Очигледно, во нив нема ниту доблест, ниту грижа на совест, ниту искреност. Во нив нема никакво чувство на одговорност за трагедијата која што се случи во Тетово“, изјави Мизрахи на денешната прес конференција.

Таа вели дека наместо одговорност и одговори, власта од петни жили, на секој можен начин се труди да го заташка целиот случај.

„14 лица, 14 наши сограѓани ги загубија своите животи, а на Зоран Заев и Венко Филипче око не им трепнува. Без нималку срам ја замајувата јавноста неколку дена со измислената оставка на Филипче, за потоа да се преправаат како ништо да не се случило, се однесуваат како да нема 14 црно завиени и ожалостени семејства. Ова мора конечно да престане! Некој мора да одговара за загубата на овие човечки животи! Одговорност мора и ќе има! Токму од тие причини, ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денес до претседателот на Собранието на Република Македонија ќе поднесеме Предлог на одлука за формирање на Анкетна комисија која ќе има за цел утврдување на фактите и политичката одговорност на надлежните и одговорните лица и институции“, рече Мизрахи.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова не се обични локални избори, вашата сила е во гласањето

А1он

(ВИДЕО) Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ!

Филипче од Гостивар: Власта трупа нови долгови, народот тоне во сиромаштија, платите стагнираат

А1он

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски

Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ