ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби го приватизира министерството, наместо по компетенции вработува роднини!?

Од:

„Артан Груби го приватизира министерството, наместо по компетенции вработува роднини!? Со одлука на Груби од 21.03.2022 година на работно место самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење е вработен Сезар Груби“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е директен непотизам, и во спротивност со Законот за спречување на корупција.

Во министерството каде Артан Груби е министер, со негов потпис, се вработува неговиот роднина?

ДКСК веднаш да го испита случајот и да се поништи одлуката за вработување.

Груби, е синоним за тоа како врвот на ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување на своите блиски луѓе.

И додека граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, со високи сметки за струја и парно, со покачени цени на горивата и основните животни намирници СДСМ и ДУИ работат за свој личен интерес“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела