ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска продолжува со самоволие, исполнување на желбите на нејзините поддржувачи СДС, ДУИ и Левица

Од:

Градоначалничката на Град Скопје продолжува со самоволието и исполнувањето на желбите на СДС, ДУИ и Левица кршејќи ги правните норми, во случајов конкретно Годишниот план за вработувања за 2024 година во Град Скопје усвоен од Советот на Град Скопје. Денеска на сајтот на Агенцијата за администрација се објавени 4 нови огласи, на кои се бараат пет извршители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Станува збор за оглас број 36, оглас број 37, оглас број 38 и оглас број 39. На секој оглас се бара по еден извршител, освен на огласот број 38 каде се бараат двајца извршители. Поточно со оглас број 36 се бара самостоен референт за геодетски работи за Одделение за подготвителни работи, недвижен имот, постапка за експопријација на недвижности и имотни правни работи при Сектор за планирање и уредување на просторот, потоа оглас број 37 се бара помлад соработник за просторно и урбанистичко планирање за Одделение за просторно и урбанистичко планирање при Сектор за планирање и уредување на просторот, со оглас број 38 се бара помлад соработник за занаетчиство и трговија за Одделение за поддршка на развој на занаетчиство и трговија при Сектор за локален економски развој каде се бараат двајца извршители и оглас број 39 со кој се бара соработник за прибирање и обработка на податоци и информации од областа на средното образование за Одделение за образование при Сектор за образование.

Самоволитето на Арсовска се гледа во фактот што овие вработувања не се предвидени во Годишниот план за вработување во 2024 година во Град Скопје. Овој план е донесен од Советот на Град Скопје каде Арсовска континуирано не се појавува, а бојкотирајќи го Советот таа покажува непочитување на граѓаните кои ги гласале за советниците. Ги повикуваме надлежните институции веднаш да реагираат на ваквото самоволно однесување на Арсовска која седи во столчето на градоначалник на Град Скопје само за да исполнува партиска волја на нејзините поддржувачи како СДС, ДУИ и Левица. Мора да се стави крај на газењето на волјата на граѓаните од страна на Арсовска која ги крши и сите правни акти и не го почитува Советот на Град Скопје и советниците избрани од граѓаните – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он