ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска поставува директори кои ги користат позициите за испумпување на милиони преку тендери

Од:

„Арсовска со поддршка на СДС, Левица и ДУИ поставува директори кои ги користат позициите за испумпување на милиони преку тендери.

Само 4 дена откако Марјанчо Митовски е поставен за директор на ЈП Водовод и канализација од страна на Данела Арсовска, во Централниот регистар е регистрирана фирмата „Кликмедиа 101“, оваа фирма ќе се јави како добитник на тендерот на ова јавно претпријатие за одржување на системот за електронска наплата кој го користат над 50 илјади граѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Директорот на Арсовска распишал јавен повик за избор на фирма која ќе го одржува електронскиот систем за наплата, кој го користат над 50 илјади граѓани, без да стави услови кои ќе гарантираат дека фирмите кои ќе се јават, ќе имаа искуство и капацитет да одржуваат толку гломазен систем.

Над 1 милион денари тендер, и одговорност за одржување на систем кој опслужува 50 илјади граѓани се дадени на фирма која нема ниту еден друг проект, ниту искуство од областа.

Имено директорот на Арсовска потпишал договор со фирмата „Кликмедиа 101“, која, иако 2 месеци стара и без референтна листа ќе го одржува системот за електронска наплата. Уште посимптоматично е што во постапката се декласирани големи фирми, кои со години работат на софтверски решенија за државни институции, но и приватни компании.

Кој е критериумот по кој е избрана фирмата која треба да врши одржување на системот, и како е дозволено фирма која нема никакво искуство од областа воопшто да учествува на јавниот повик?

Арсовска должи одговори или и овој тендер е по шемата на набавката на дизел гориво за ЈСП, каде се склучи милионски договор без рабат?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски