ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска, коалициониот партнер на СДС е виновна за хаосот во Скопје, Ковачевски да побара нејзина оставка

Од:

„Арсовска, коалициониот партнер на СДС е виновна за хаосот во Скопје, Ковачевски да побара нејзина оставка. Данела Арсовска, која заради коалиција со СДС го постави Александар Стојковски за директор на ЈСП, заедно со Стојковски е креатор на проблемот со сообраќајниот хаос“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Стојковски го потпиша договорот од 27 милиони евра за набавка на гориво, без рабат, со што претпријатието е оштетено за над 1.5 милиони евра. Тоа се исто толку пари колку што ЈСП им должи на приватните превозници.

Претходно Арсовска остави стотина луѓе без работа. А додека таа управува со самоволие градот неможе да ги извршува ниту основните функции.

Клинички центар му должи 2 милиони евра на ЈП Водовод и канализација, а Арсовска молчи заради коалицијата со Ковачевски.

Скопје е жртва на коалициските договори Ковачевски-Арсовска“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела