• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето на Боки 13 и Јанева – очајнички обид да се пресечат пипците на криминалниот октопод

by А1он17/09/2019 - 09:04201
Share0

„Правниот систем е урнат. Зоран Заев се среќава со адвокатката на осомничената Катица Јанева. Адвокатката на Јанева вели дека таа има сериозни психички проблеми и се наоѓа под терапија во притвор, а Катица Јанева од притвор си потпишува наредби по кои постапува републичкиот Јавен обвинител.

Добивај вести на вибер

Одбраната на Боки 13 посочува на чудното однесување на власта која нападно ја брка мувата од капата негирајќи ја поддршката, соработката, забавите и средбите документирани и на фотографии.

Го поддржуваа, соработуваа со него, се фотографираа, а сега велат го знаеле само од телевизија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот Заев ја лаже и манпулира македонската јавност очајно обидувајќи се да ја насочи истрагата за најголемата криминална афера во историјата на Македонија на еден човек, Бојан Јовановски.

Никој жив во Македонија не верува дека три пати амнестиран криминалец како Зоран Заев не земал парче од милионскиот колач нелегално стекнат преку рекетирање на македонски политичари, бизнисмени, граѓани.

Одбраната на Јовановски посочува дека сите оние вмешани во рекетот сега се обидуваат целата вина за кривично-правниот настан да ја префрлат на еден човек, Бојан Јовановски. Истрагата за Рекет е компромитирана, омилената обвинителка на Заев, Вилма Русковска прави се за по 4-ти пат да го амнестира него и неговата криминална банда.

Апсењето на Боки 13 и Катица Јанева е само очајнички обид да се пресечат пипците на криминалниот октопод кои при брза и ефикасна истрага би довеле до главата на оваа криминална операција, Зоран Заев.

Јавноста не може така лесно да се изманипулира. Цела Македонија виде како Заев бара поткуп од 200 илјади евра. Цела јавност знае дека во случајот Глобал, Заев беше аболициран за милионски криминал. Македонските граѓани знаат дека Зоран Заев е на чело на рекетарската банда.

Правда мора да има и ќе има кога ќе се стави крај на оваа криминална власт. Тоа ќе се случи набрзо и граѓаните ќе бидат оние кои ќе стават крај на очајната политичка кариера на Заев, а тогаш ќе одговораат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои се ставиле во заштита на криминалот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен