ВМРО – ДПМНЕ апелира до Жерновски да продолжи изградбата на катната гаража

Од:

ВМРО-ДПМНЕ апелира кон градоначалникот Андреј Жерновски да ја продолжи изградбата на катната гаража во општина Центар затоа што на општината и требаат и паркови и градинки и катни гаражи, стои во реакцијата од партијата по одлуката на Општината за стопирање на изградбата на катната гаража.

– Ниту ги праша граѓаните дали да ја сопре изградбата на катната гаража, ниту пак соопшти колку градинки и паркови и со која вредност поединечно ќе изгради на местото на катната гаража, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ го смета чинот за запирање на изградбата на катната гаража е уште еден доказ за неспособноста на Жерновски да ја води општината Центар.

– Не видовме ниту еден сериозен проект во овие 100 дена од него. Само глумење жртва и рушење на започнатото. Се разбира, не ја потценуваме важноста на остранетата бандера, која беше удрена од возило, проект на кој Жерновски му посвети должно внимание пред очите на сите македонски медиуми, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела