ВМРО-ДПМНЕ: Апашлукот на власта расте секогаш кога се случуваат крупни политички теми- набавувале битумен 10 пати поскапо

Од:

Апашлукот на власта на СДСМ и ДУИ станува епски речиси по правило секогаш кога се случуваат одредени политички теми. Па така додека владата склопуваше предавнички протоколи, во исто време Јавното претпијатие Македонија Пат набавило битумен по цена од неверојатни 12 илјади евра по цистерна битумен, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако се земе предвид дека ЈП Улици и Патишта користи сличен материјал, а го плаќа по 1.100 евра од цистерна битумен, тогаш доаѓаме до фрапантни 11 илјади евра разлика. Ако само на една цистерна е направена неоснована разлика од 11 илјади евра, тогаш целата набавка изела неколку милиони евра.

Повиканите институции молчат, молчи владата, молчи и обвинителството како е можно една цистерна битумен да биде 10 пати поскапа.

Овој тендер отвора сомнеж за огромен криминал кој достинува и до 4 милиони евра. Оваа власт решила да ја докусури Македонија. Крадат и око не им трепнува. Секоја криза ја користат да наполнат приватни џебови и народот да го осиромашат. Колку повеќе крадат, толку повеќе се лепат за фотељите, мислејќи дека така нема да одгововараат. Но, се лажат. Наскоро ќе дојде времето за одговорност и за предавствата, и за понижувањата, и за грабежоти и за криминалот“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите