ВМРО-ДПМНЕ: Антидржавното однесување на СДСМ е последица на бегањето од одговорност за направениот криминал

Од:

„СДС си ја брка мувата од капата заради антидржавната и антинационална политика на криминалецот Заев која секојдневно предизвикува инциденти на штета на државните интереси. Сервилноста на нивниот лидер и грижата на совест која што ја имаат не може да се испере со бледи соопштенија. Народот ја отфрла нивната тиранска платформа.

СДС лицемерно под притисок на јавноста осудува веење на знаме со голема Албанија, а со своите постапки ваквите појави ги охрабрува.

Имено СДС и нивниот лидер – аболициран криминалец Зоран Заев ваквите иредентистички пораки ги испровоцираа со своите антидржавни изјави од Берн Швајцарија, каде најавуваше кантонизација, федерализација и слични идеи за редефинирање на државата.

Прифаќањето на тиранскаа платформа е причина за подгревање на меѓуетничките тензии. Директна последица на тоа е и вчерашниот инцидент на фудбалскиот натпревар во Чаир.
Поданичкото и сервилно однасување на Зоран Заев придонесе до разгорување на меѓуетничките проблеми. Антидржавничкото однесување е последица на бегањето од одговорност на водството на СДС од направениот криминал.

СДС и нивниот лидер – аболициран криминалец Зоран Заев ги премолчуваа негаторските изјави за македонскиот народ, името на државата, знамето и химната, кои доаѓаа од нивните партнери од и надвор од државата.

СДС и нивниот лидер – аболициран криминалец Зоран Заев ги охрабрија ваквите постапки со прифаќањето на Тиранската платформа со која Македонија од мултиетничка треба да се претвори во бинационална држава.

Ете токму овие постапки на СДС ги погреваат ретроградните, големодржавни, националистички и иредентистички постапки и сега секое нивно бледо соопштение овие факти не може да ги покрие.
Аболицираниот криминалец Заев сака своите долгови кон нарко-мафијата и неговите истомисленици од надвор да ги плати со македонската државност и прифаќањето на Тиранската Платформа.
ВМРО-ДПМНЕ апелира криминогената врхушка во врвот на СДС веднаш да ја отфрли Тиранската Платформа и да прифати нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за Тиранската Платформа.

Граѓаните затоа бараат од СДС отфрлање на Тиранската платформа и затоа бараат нови избори.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“