ВМРО-ДПМНЕ: Андреј Петров продолжува со празни ветувања

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на изјавата на Андреј Петров, канидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Карпош оценува дека тој продолжува со празните ветувања без никаква претходно изработена програма.

– Програма за локални избори не се прави за три дена. Наместо досегашното време господинот Петров да го искористеше во пишување програма односно да се занимаваше со тоа што на граѓаните на општина Карпош им е потребно, тој своето време го поминуваше веднаш до Бранко Црвенковски убедувајќи ги како тоа локалните избори се неважни за нив, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава, покажа и докажа како се прави изборна програма и како се работи со програма со проекти кои се во функција на граѓаните, вклучувајќи ја и општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?