ВМРО-ДПМНЕ: Ана Павловска Данева не знае ништо за Венецијанската комисија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е зачудена од дрскоста, од незнаењето и од грубото манипулирање што госпоѓата Ана Павловска Данева го направи во нејзината денешна изјава.

Политичарите се слободни и имаат право да зборуваат што сакаат, но кога зборуваат треба да се трудат да ја зборуваат вистината. Очигледно дека во случајот со госпоѓа Павловска Данева тоа не е така.

Ана Павловска Данева како универзитетски професор треба да знае, или барем да се консултира дека Венецијанската комисија е надлежна да го оцени Законот за лустрација во насока на меѓународното право и во однос на европските стандарди, додека пак Уставниот суд го има последниот збор што се однесува на толкување на Уставот на Република Македонија и компатибилноста на националното законодавство со него.

Прво, очигледно е дека госпоѓа Ана Павловска Данева не ја прочитала ниту првата страна од мислењето на Венецијанската комисија во кое што констатира дека не е надлежна да утврдува уставност на конкретниот закон.

Второ, никаде во мислењето на Венецијанската комисија нема тврдење дека законот е спротивен на Уставот на РМ. Напротив има препораки како понатаму тој да се усогласи со праксата во неколку други држави од централна и источна Европа (Албанија, Чешка, Полска).

Впрочем, и самата Венецијанска комисија во своето мислење посочува дека процесот на лустрација требало да започне многу порано во процесот на демократизација на општеството.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите претставници на медиумите да го погледнат во целост мислењето и сами да изградат став, којшто ќе биде базиран на објективност. Груба е манипулација на СДСМ дека како што тие велат, мислењето на Венецијанската комисија е катастрофално и утврдува дека законот е противуставен. Овие ставови на СДСМ се типичен показател на нивната тенденција Република Македонија никогаш да не расчисти со луѓето кои своите кариери ги градеа кодошејќи ги своите колеги, своите ученици, своите пријатели, па дури и своите најблиски.

Тоа се извитоперените вредности кои и СДСМ и сите политички субјекти треба да ги осудат, како дел од процесот на лустрација кој мора час поскоро да биде завршен.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер