ВМРО-ДПМНЕ: АМС соопшти дека се пристигнати творби од 48 автори, што значи дека биле вршена селекција

Од:

„Ниту една прес конференција, ниту пак извинување нема да ја оправда грешката, која ја направија Агенцијата за млади и спорт и Дарко Каевски како директор и уредник на збирката творби.

Дарко Каевски денес самиот се фати во лага, каде што рече дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека треба да се селектираат творбите.

На 28 декември 2017 година, директорот на АМС Дарко Каевски организираше поетско читање на стихотворбите и ги додели наградите на 3-те автори, при што на официјалниот фејсбук профил на агенцијата објавија дека се пристигнати творби од 48 автори, што значи дека во текот на издавањето биле отфрлени 4 творби и била извршена селекција.

Прашуваме:

Зошто не биле отфрлени овие 2 творби кои се вулгарни и недолични?

Зошто уредникот на збирката Дарко Каевски не ја прегледал збирката пред издавање?

Замислете уредникот на Њу Јорк Тајмс или Билд да не ја препровери содржината пред да биде издадена.

Срамно е и недолично за ова што се случува со Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски нема отпочнато и реализирано ниту еден единствен капитален проект, а и овој проект што го продолжи во континуитет од претходните директори од ВМРО-ДПМНЕ, го упропасти.

Агенцијата за млади и спорт од некогаш најдобра институција која работеше во прилог на младите, стана потсмев за целата јавност за само 10 месеци.

Почитувани,

Последниот период засилени се меѓународните движења за родовата рамноправност и правата на жената. И македонското општество активно се вклучи во кампањите – Me Too, No More, Enough и кампањите за еднакви примања на мажите и жените. Од друга страна, АМС со народни пари преку збирката „Млади поети“ брутално гази по сите овие кампањи, навредува, омаловажува и шири говор на омраза.

Овој тип на несериозно однесување од страна на АМС не ги навредува само жените! Ги навредува и одличните млади македонски поети и поетеси, креативните индивидуалци и лингвистите.

Одговорност мора да има. Извинувањето и формирањето комисии за обелоденување на скандалот нема да ја врати довербата на младите во Агенцијата за млади и спорт како институција.

Дарко Каевски да ја надомести финансиски предизвиканата штета на граѓаните, и веднаш да си даде оставка и да се повлече од местото директор на Агенцијата за млади и спорт, бидејќи и онака нема реализирано ниту еден единствен капитален проект, туку го урива кредибилитетот на институцијата“ изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски