ВМРО-ДПМНЕ: Аман Дуле не го брани Шилегов, штотуку призна кривично дело

Од:

„Штотуку Душко Весковски призна дека започнал и завршил со реконструкција на водоводна мрежа на улица Варшавска, па потоа спровел јавна набавка. Аман Дуле не го брани Шилегов, штотуку призна кривично дело“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на демантот на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Директорот на Водовод и канализација Скопје, Весковски призна кривично дело според член 353 од Кривичен законик.

Во самиот демант на Весковски се гледа и докажува дека аукцијата и јавната набавка е направена на 01 октомври 2020, а реконструкцијата на улицата Варшавска е започната на 14 јули и завршува на 20 август 2020.

За целата криминална постапка од над 18 милиони денари на Весковски и Шилегов дополнителни цврсти докази и детали ќе следат во текот на утрешниот ден во која се потврдува дека фирмата КБК Инжинеринг градела пред набавката“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ