ВМРО-ДПМНЕ: Александар Наумоски е свесен дека ќе изгуби во вториот круг

Од:

„Александар Наумоски е свесен дека ќе изгуби во вториот круг, па затоа почнува да води кампања во која се користи со лаги и измислици. Токму тој е човекот кој организираше активисти на СДСМ да ги заплашуваат граѓаните и физички да се пресметуваат со кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Истиот тој Наумоски, според фотографиите кои се појавија во медиумите, се обидува да изврши поткуп на гласачите во Ѓорче Петров.

– Александар Наумоски се обиде недостатокот од остварлива и реална програма да го покрие со неточни обвинувања.  Општина Ѓорче Петров, сакал тоа да го признае Наумоски или не, во изминативе години бележи напредок во секоја сфера, и Ѓорче Петров одамна не е предградие, туку модерна општина.

Неговата ниска кампања не може да ги избрише делата кои се оставени во Ѓорче Петров. Граѓаните ги препознаваат неговите лаги  и ќе го казнат во вториот круг гласање“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Александар Наумоски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?