ВМРО-ДПМНЕ: Алчноста на Заев, Вицето и Анѓушев нема крај

Од:

„Зоран Заев, Вицето, Кочо Анѓушев и останатите од криминална врхушка на власта мора да продолжат со расипништвото и личното богатење. Идеи за нови проекти кои би донеле дополнителни средства во буџетот немаат бидејќи се фокусирани само на полнењето на личните конта. Затоа ситните земјоделци мора да им платат арач и затоа мора да ја качат акцизата на нафтата и сите да плаќаме поскапо гориво.

Алчноста на Заев, Вицето и Анѓушев нема крај. По нивнито доаѓање на власт се формираше “Омерта”, агенција за обезбедување, чие име во италијанската мафија подразбира завет за молчење.

Почнаа да се палат возила на сите сопственици на кафулиња кои имаат ангажирано некое друго обезбедување.

После криминалните јуришници, според стратегијата на СДС следува злоупотребата на институциите за изнудување пари.

Доцна синоќа на удар беа локали во Прилеп и Битола кои немаат врски или не платиле некому од локалното раководство на СДС или директно кај Вицето.

Кој им јави за инспекциите на оние на кои не им беа пишани казни?

Колку наплаќаат Заев и Вице за едно такво јавување?

Минатиот викенд Заев и потпретседателот на СДС Оливер Спасовски, ги злоупотребуваа полициските специјалци за да ги заплашат сопствениците на одредени локали во Скопје и нивните гости. Направија штета и кај оние каде беше утврден некаков прекршок, но уште повеќе кај оние каде не успеале да инсценираат ништо. Нивните гости беа избркани и исплашени. Беше испратена порака кого треба да ангажираат за обезбедување и каде треба да завршуваат нивните приходи.

Зоран Заев, Вицето и Анѓушев освен што имаат одговорност за криминалните набавки и одлуки, имаат одговорност и за сите антимакедонски одлуки кои ги носат.

Во ситуација кога Заев брише учебници по историја и се откажува од илјадници жртви, кога склучува договори за добрососедство со кои им ја одзема националната припадност на нашите херои или носи закони со кој Македонија станува двојазична држава, очекувано е тогаш да биде текпиран и рекетот и убиствата и злоупотребата на полицијата и другите институции.

После враќањето на правната држава и заминувањето на криминалците од власта, институциите на државата без притисок од власта ќе ги испитаат сите наводи за злоупотреби и на Лукаревска и на Спасовски, актуелни први луѓе на УЈП и МВР“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите