ВМРО-ДПМНЕ: Албанскиот премиер Рама е неинформиран за ситуацијата во Скопје

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со сериозност гледа на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, која цениме дека е резултат повеќе на недоволна информираност за случувањата, отколку за некоја неконструктивна намера, стои во денешното соопштение од ВМРО – ДПМНЕ.

Охридскиот рамковен договор е составен дел од Уставот на Република Македонија, се потенцира во соопштението и се подвлекува дека посветеноста кон него се гледа и преку фактот што неговото спроведување и развивањето на мултиетничкото општество се стратешки определби во програмата на Владата на Република Македонија, а во неговата имплементација се спроведуваат бројни и континуирани мерки активности од страна на институциите.

Охридскиот рамковен договор и одржувањето добри меѓуетнички односи, се подвлекува, продолжуваат да бидат еден од приоритетите на нашата партија, а дијалогот за сите отворени прашања средство за решавање на предизвиците. Притоа, секако, посветеност и почитување на Уставот, законите и институциите во државата, затоа што само на тој начин, како што е наведено, може да се обезбеди функционирање на правната држава како гаранти за обезбедување право и правда.

– Радикалните протести кои се случуваат деновиве во Република Македонија немаат никаква поврзаност со Охридскиот рамковен договор, ниту пак со меѓуетничките односи, туку напротив организаторите на овие протести ја кријат својата радикална агенда зад параванот на меѓуетнички односи, сакајќи притоа да направат забуна и да мобилизираат повеќе приврзаници, затоа што се свесни дека по друг основ, освен тоа да лажат дека се обесправени и дека им се загрозени правата на Албанците, за нивната агенда тие нема да може да наидат на каква било поддршка од никого. Тоа не може да им помине, затоа што оваа ситуација нема никаква врска со тоа што тие што го организираат ова сакаат да го наметнат. Овие протести се мотивирани и се производ на верски радикални елементи, кои се спротивставуваат на пресуда на независен суд за сторено кривично дело свирепо убиство на пет лица, од кои четворица малолетници, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Партијата го осудува и не се согласува со секој обид на овие протести да се даде етничка или меѓуетничка конотација и го осудува и не се согласува со секој обид верските радикални елементи да се затскријат зад етничката димензија, и на тој начин да генерираат тензии и поделби помеѓу заедниците.

– Во контекст на изјавата на Рама, а поврзано со состојбата во која живеат Албанците во Македонија, а имајќи го предвид фактот дека тој не е долг период премиер на Република Албанија, сепак, го повикуваме да направи една посета на средините во Република Албанија, каде што живее македонско етничко население и да ги види условите во кои тие луѓе живеат таму и да направи споредба со условите во кои живеат Албанците во Република Македонија, па потоа да се направи една дебата и да се говори за степенот на исполнување на стандардите кои владеат во двете соседни држави кои имаат пријателски односи и соработка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје